Кога ќе се спомнат градовите кои се магнет за туристите, првото нешто што ни паѓа на ум е Париз, Рим или Лондон. Сепак, според Euromonitor International, ниту една од овие дестинации не го зазеде првото место на листата на најпосетувани градови во светот во 2023 година.
Лондон
Истанбул е градот кој имаше најмногу меѓународни пристигнувања минатата година. Економскиот и културниот центар на Турција во 2023 година пречека неверојатни 20,2 милиони посетители, а се предвидува дека во 2024 година тој број ќе биде уште поголем.
Земјата неодамна ги олесни визите за патниците од САД и Канада, а со своето богатство од блескави културни знаменитости и спој на азиската и европската култура, не е ни чудо што градот е толку популарен.
Истанбул
Толку туризам не е секогаш благослов – само Аја Софија ја посетиле околу 3,5 милиони луѓе годишно, а влезот наскоро ќе ги чини посетителите 25 евра.
Лондон го зазеде второто место на листата со 18,8 милиони, а со оглед на тоа што бројот на посетители на градот се врати на нивото пред пандемијата, не е големо изненадување. Дубаи е на трето место со 16,8 милиони, а Анталија, уште еден турски град, го зазема четврто место.
Канкун
Листата на 10. најпосетувани градови во 2023 година според Euromonitor International ги вклучува:
- Истанбул, Турција
- Лондон, Велика Британија
- Дубаи, ОАЕ
- Анталија, Турција
- Париз, Франција
- Хонгконг, Кина
- Бангкок, Тајланд
- Њујорк, САД
- Канкун, Мексико
- Мека, Саудиска Арабија