Насловна / Архитектура / Најподложни на хиперкинетичкото пореметување се градежниците и инженерите

Најподложни на хиперкинетичкото пореметување се градежниците и инженерите

Менталната структура на секој од нас е исклучително сложен феномен, на кој влијае и генетиката и средината во која растеме. Иако досега се сметаше дека на изборот на професија влијаат само фактори од околината, талентите и насоките од родителите и наставниците во училиште, сега се покажало дека тоа не е баш така и дека избираме професија во согласност со нашиот ментален статус.

„Бевме инспирирани да истражиме одредени генетски варијации и да откриеме дали потенцијалното влошување на некое нарушување може да има некои позитивни последици, односно исходи. Нашето истражување сугерира дека психолошките особини можат да имаат влијание врз изборот на кариера“, вели Георгиос Волудакис, автор на студијата од Икан медицинската школа.

Кој е најмногу склон на шизофренија, а кој на анорексија

Анализирајќи ги податоците на повеќе од 400 илјади Американци и Британци, научниците дошле до заклучок дека професијата и генетските предиспозиции се меѓусебно поврзани со развојот на некоја ментална болест или нарушување. Со вкрстување на генетиката на испитаниците и 20 различни професии, псе наметнале исклучително интересни заклучоци, од кои некои се (донекаде) очекувани, а други сосема неверојатни.

Истражувањето покажало дека уметниците и дизајнерите се ментално најранливи. Во повеќето случаи, тие имаат предиспозиции да страдаат од анорексија, биполарно растројство, некое од пореметувањата на аутистичниот спектар, шизофренија и депресија, ги пиренесува Њујорк пост набљудувањата на експертите. Математичарите и ИТ експертите, на пример, се најмногу склони кон развој на аутизам, додека социјалните работници исто така се склони кон шизофренија и депресија.

Нарушувања на вниманието присутни во повеќето професии

АДХД, односно хиперкинетичкото пореметување „доминира“ во најголемиот број професии, покажало истражувањето. Најподложни на тоа се луѓето вработени во угостителството (готвачи и помошници готвачи), градежниците, инсталатерите и инженерите и вработените на одржување, како и оние кои работат во транспортот, додека службениците за безбедност и инженерите за производство се малку помалку подложни на развој на ова нарушување.

Иако овие заклучоци објавени во магазинот Nature Human Behavior се значајни, имајќи предвид дека истражувањето е спроведено на голем примерок од испитаници, експертите нагласуваат дека генетскиот фактор не мора да има пресудно влијание врз изборот на кариера. Возраста, полот, степенот на образование играат неспоредливо поголема улога во овој животен избор.

Испрати коментар

Scroll To Top