Се смета за најопасна река на светот, бидејќи е смртоносна: Ворф, реката која тече низ британскиот Јоркшир. На прв поглед личи на поток, тече низ живописна шума која е популарна меѓу љубителите на природа и излети.
Малку збуниваат поставените знаци околу реката со кои се предупредуваат посетителите да не приоѓаат блиску до водата, а особено во делот на реката наречен „Bolton strid”.
Една од работите кои оваа река ја прават смртоносна е нејзиното корито, кое во некои делови е широко и во него водата тече бавно. Реката ја прават опасна и подводните карпи, кои се длабоко под површината на водата. Според легендата, реката, многу одамна го усмртила момчето кое требало да стане крал на Шкотска.
„Колку е убав и делува безопасно, делот на реката наречен ‘Bolton strid’ е смртоноеан и поради тоа реката Ворф е најсмртоносна река на светот. Тајнаната е во геоморфологијата на речното корито, кое е создадено од необични карпи“, вели Керолајн Робертс, професорка по екологија на колеџот Гришам.