Насловна / Архитектура / Најодржлива зграда во светот

Најодржлива зграда во светот

Новата централа на Blumberg во Лондон е така изведена, да и вработените имаат што да напишат на тема работни места. Имено, овој објект во кој работат новинари, финансиски аналитичари и банкарски експерти, изведен е по проектот на реномираното архитектонско биро Foster + Partners и има намалена потрошувачка на вода за 73 %, а електрична енергија за 35 % во однос на потрошувачката на стандардни деловни згради.најодржлива зграда во светот_1

Иновативните технологии кои помагаат на одржливоста на објектот, видно се интегрирани и во самата конструкција на објектот, вклучувајќи и интересни повеќенаменски плафонски панели, како и бронзени брисолеи на фасадата.најодржлива зграда во светот_6

Веројатно најинтересниот систем во објектот се 4.000 интегрирани плафонски панели со комбинирана функција на греење, ладење, осветлување и звук. Во плафонските панели вградени се пола милион LED светилки кои користат 40 % помалку енергија од класичното неонско светло, кое е вообичаено во деловни простори.најодржлива зграда во светот_5

Ништо помалку интересна не е и фасадата, која е изведена од 117 масивни бронзени брисолеи кои се поместуваат во зависност од положбата на Сонцето со што се овозможува природна вентилација на објектот, а воедно и создаваат ладовина во внатрешноста.

За време на шестгодишното градење на објектот се постигнало нивото на рециклирање на отпад да биде 95 %. Практично, речиси на целиот отпад му е најдена нова примена.најодржлива зграда во светот_7

Комбинираната топлотна и електрична централа генерира топлина и електрична енергија низ еден систем со што заштедата на годишно ниво е помеѓу 500 и 700 тони јаглерод диоксид.

Дека ништо не е оставено на случајноста, говори и податокот за вградени системи за собирање на дождовница и за собирање на отпадни води од тоалетите, кои се прочистуваат и се враќаат во системот како техничка вода.најодржлива зграда во светот_8

Во внатрешниот простор се протегаат големи, вертикални градини, кои го оплеменуваат просторот, но и го прават воздухот во внатрешноста пријатен.

Покривот прекриен со соларни панели, исто така, придонесува на позитивните енергетски биланси на оваа импресивна зграда.најодржлива зграда во светот_2

Новата зграда на Blumberg во Лондон е само една од 34 објекти на овој медиско финансиски гигант ширум светот со престижни LEED и BREEAM сертификати.најодржлива зграда во светот_4

Покрај иновативното снабдување со енергија, осветлување и системот за вентилација  – кои најмногу придонесуваат во еколошкиот рејтинг на објектот, напредната технологија на когенеративна постројка за електрична и топлинска енергија (combined heat and power – CHP), овозможува ефикасно производство на енергија за потребите на зградата со минимални емисии на јаглерод диоксид.  Според Bloomberg, најглавните технички аспекти на зградата вклучуваат:

  • Интегрирани панели на покривот. Системот вклучува 500.000 LED светилки,  користи 40 % помалку енергија отколку класичниот флуоресцентен систем за осветлување во деловните објекти.
  • Конзервација на водата. Дождовницата од покривот, вишокот од ладилната кула или пак водата од базени и тушеви се собира, третира и рециклира за користење во тоалетните школки. Годишно, овој систем заштедува 25 милиони литри вода, еднакво на количината на 10 олимписки базени.
  • Природна вентилација. Зависноста од механичката вентилација е сведена на минимум преку самиот дизајн на зградата, со што потрошувачката на енергија за вентилација е минимална.
  • Сензори за CO2. Во зависност од зафатеноста на објектот во секоја зона, системот динамички го подесува протокот на воздух за вентилација, со што се заштедува 600-750 MWh електрична енергија годишно, при оптимален квалитет на внатрешниот воздух.

 

Испрати коментар

Scroll To Top