Најпознатата жена – архитект, Заха Хадид, и во овој проект остава свој карактеристичен печат. Конструкцијата на Opus Office Tower во Дубаи, изгледа како дупка која се придвижува, која се стопува во кубусот. Ентериерниот дизајн на Хадид, повторно се потпира на суптилните криви линии во просторот и светлите тонови, кои го градат и дизајнот на мебелот. Проектот содржи административен дел со канцеларии, но и хотелски дел надвор од комплексот како и станбени апартмани, кои се сместени на погорните нивоа од структурата.
Хотелските единици се дизајнирани за сместување на локалните жители и меѓународните патници, додека станбените единици во рамки на карактеристичната шема го комбинираат урабниот начин на живеење со панорамските погледи на градот. Секоја соба располага со интерактивен медиа центар и со интегрирана дигитална музика, додека лизгачките и подвижни панели овозможуваат лесна трансформација на волумените.
Низ проектантската шема, јасно дефинираните јавни простори овозможуваат социјализација на луѓе со различно потекло и култура, придонесувајќи за поголема меѓусебна комуникација.