Култната Frakta торба на ИКЕА е позната на сите клиенти на овој бренд. Но, препознатливиот артикл доби нов изглед.
И покрај тоа што естетски не е најатрактивна, оваа торба се карактеризира со врвна издржливост и функционалност, што ја прави идеална за сите оние нешта што ги купуваме во оваа популарна шведска компанија.
Благодарение на дизајнерското студио Herman Cph, торбата добила нов и модерен изглед. Во соработка со текстилната компанија Kvadrat, дизајнерите создадоа два модели од ткаенини кои доаѓаат во две комбинации на бои – во сина и црна боја како и светлосина и темносина.
Цената на торбата изнесува 125 долари, а продажбата ќе почне кон крајот на февруари на официјалниот сајт на студиото Herman Cph.