Во близина на градот Osoyoos во канадската држава Британска Колумбија, сместено е Точкестото езеро (Spotted Lake) кое ги привлекува туристите од целиот свет. Својот необичен изглед го има благодарение на високата концентрација на разни минерали како калциум, натриум сулфат, сребро и титан. Во лето, поголем дел од водата испарува и езерото добива точкест изглед поради остатоците од минерални соли. Во зависност од различната концентрација на минералите се менува и бојата на езерото – жолта, зелена или бела. Староседелците го сметале за чудотворно и лековито од разни болести.
Неодамна ова езеро за малку ќе завршеше као спа центар, но благодарение на наследниците на староседелците, кои го откупиле тоа е спасено од комерцијализација.