Нашата планета претставува дом на околу 300.000 различни видови на растенија. Сите тие морфолошки се разликуваат повеќе или помалку преку надворешниот изглед, односно преку изгледот на листовите, цветовите и плодовите. Некои растенија се карактеристични по своите цветови кои даваат пријатен мирис, други според хранливите плодови и лековитите својства, а некои и по својот чуден изглед или способност за исхрана и нивото на токсичност.
Во поглед на чудниот изглед на цветот предничат орхидеите кај кои поединечни видови можат да имаат многу необичен цвет, па така меѓу попознатите орхидеи со необичен изглед е Dracula simia – орхидеjа чиј цвет е во форма на мајмунска глава. Природниот ареал се наоѓа во шумските предели на Перу и во југоисточните делови од Еквадор на надморска височина поголема од 900 метри. Ова растение има способност да цвета преку целата година со карактеристичен мирис на портокал.
Dracula Simia
Орхидеја која има многу необичен цвет е од видот Orchis italica или попозната како „гол човек“. Овие „голи луѓе“ кои го красат цветот на оваа орхидеја, природно се распространите во медитеранскиот регион. По боја се среќаваат од светловиолетови до розови. Ова растение има статус на загрозен вид, пред сè, поради декоративниот изглед на цветот, како и лек против дијареа, како природен афродизијак или за подготовка на пијалаци.
Naked man
Следно растение кое има многу необичен и атрактивен цвет е цветот на растението Impatiens bequaertii. Цветот е во форма на девојки кои танцуваат од каде и го добил народното име. Овие ситни цветови природно се распространети во источна Африка. Се среќаваат во бела и розова боја. Растенијата сами по себе имаат многу убава фигура. Сепак, треба да се напомене дека овие се едни од најретките растенија и многу е тешко да се најдат, поради што е потребно многу трпение и желба.
Impatiens bequaertii
Antirrhinum majus претставува растение кое по изглед е доста познато и кај нас. Претставува вид со многу живописни, колоритни гроздести цветови кои се развиваат на право стебло со висина и до 1,5 метар. Тоа што е необично кај овој вид е изгледот на мешунката по прецветувањето. Тие се во форма на костурска глава со отворена уста и очи. Интересен е податокот дека во минатото верувале дека овие цветови содржат мистична моќ и дека го заштитува домот од клетви и зло. Со оглед на живописноста и атрактивноста на цветот и формирањето на семето по нивното процветување одлично го опишуваат кругот на животот.
Amorphophallus titanum
Amorphophallus titanum претставува вид со најголем цвет во светот. Самиот цвет достигнува височина и до три метри, а во тежина и до 100 килограми. Цвета на секои седум до 10 години, што во одредени ботанички градини претставува и вистинска туристичка атракција. Како недостаток му се препишува ужасната ареа која се шири за време на цветањето. Претставува еднодомен вид кај кој во прво време се отвораат женските цветови, а по неколку дена машките цветови. Сето ова е со цел да не дојде до самоопрашување. Листовите достигнуваат и до шест метри. Секоја година листот умира, а на негово место расте нов. Хибернацијата на овој вид вон сезона трае околу четири месеци.
Mimosa pudica или познато како срамежливо растение има природен ареал во Јужна Америка, иако денес може да се сретне распространето низ целиот свет. Претставува многу нежно растение кое вегетира во сенковити месторастења. Најатрактивна особина по која го добила и името е начинот на кој реагира ова растение во обид да го допрете. Интересно е како растението има развиено примитивен нервен систем и во обид да дојде во контакт со страно тело листот веднаш се собира.
Snapgdragon seed
Naked flower
Mimosa pudica
Amorphophallus titanum