Новиот Kinetic Desk M1, дизајниран од страна на компанијата Stir, го сметаат за најдобра работна маса која може да се купи. Оваа работна маса лесно се движи додека се работи, без какви било проблеми или непријатности. Според дизајнерите на оваа работна маса, енергијата што на овој начин се заштедува може да се искористи за нешто креативно.
Работната маса има сет алгоритми и можности за приспособување на потребите на секој корисник. Нејзиниот firmware, исто така, го следи користењето, ги памти информациите и преференциите на секој корисник. Оваа маса го „чувствува“ вашето присуство и се буди на секое доаѓање на корисникот.
Го следи времето кое корисникот го минува во седечка или стоечка состојба, како и времето кое го поминува корисникот надвор од работната маса.
Кога масата ќе запамти дали сака корисникот повеќе да стои или да седи, или колку долго сака да стои, таа ќе му сугерира кое време е најдобро да се помести и да ја промени положбата.
Исто така, таа може да даде информации како напредува корисникот кон своите цели, или колку калории потрошил додека стои и работи. Со масата може да се интегрираат и повеќе паметни уреди.
Ако ви се допаѓа идејата за ваква работна маса, таа е достапна за купување по цена од 3.000 долари.