Насловна / Вести / Најмонументалната хидроцентрала изграденa во советско време

Најмонументалната хидроцентрала изграденa во советско време

Во поранешниот Советски Сојуз биле изградени десетици огромни хидроцентрали кои снабдувале со енергија со индустриски претпријатија и цели градови. Некои од нив и денес се најмоќните на светот, а за некои е карактеристично дека се изградени во многу непристапни предели оковани со мраз. Најголемата според инсталираниот капацитет е Сајано – шушенската хидроцентрала, која се наоѓа во Хакасија, на реката Енисеј. Со инсталиран капацитет од 6400MW, таа е денес најголемата хидроцентрала во Русија и една од десетте најголеми хидроцентрали во светот (деветта по големина).

sayano1

sayano2

sayano3

 

Нејзината брана висока 242 метри се смета за една од највисоките на светот. Оваа хидроцентрала се градела 37 години – од 1963 до 2000 година, но првиот хидроагрегат бил пуштен во употреба веќе во 1978 година. Конструкцијата на браната, е проектирана да издржи исклучително силни потреси, со оглед дека е лоцирана во сеизмичко подрачје.

sayano4

sayano5

sayano6

Испрати коментар

Scroll To Top