Ви ги претставуваме најмалите кујни на светот, кои се радикално различни од оние што ги познаваме и се одговор на пазарот на недвижности и новите трендови на домување. Кујните, премиерно лансирани на саемот на мебел во Милано 2022, се одлично дизајнирани и штедат простор и пари.
Во модерното живеење на новите генерации, кујната престанува да биде место за семејни собири, целодневна подготовка на храна и хедонистички ритуали. Центарот на општествениот живот се повеќе се поместува надвор од домот, како и семејните собири. Денешните 30-годишници живеат во согласност со новата оперативност, мобилни се и онлајн, често патуваат и значително помалку време поминуваат во својот личен животен простор. Со самото тоа, функционалните единици на ентериерот се во повлекување пред деловите за одмор, релаксација и забава.
Новите мали, односно микро кујни, подразбираат брза и ефикасна подготовка на храна, употреба на индукциски плочи, максимална заштеда на енергија.
Традиционалната кујна е деконструирана. Редуцирана на неопходните функции во согласност со промените на трендови на живеење и домување. Микро кујните, кои се претставени за 2022 година, се одговор на модерниот номадизам, потребите на живеење во метропола, намалување на површината на станот и честите преселби. Кујната повеќе не е само центар на домот, неопходна е и во канцеларија и на патувања.
На Salone di Mobile 2022 во Милано, за прв пат беше претставена колекција на микро кујни, која ги содржи сите потребни елементи поврзани во компактна целина. Кујнската колекција на новиот бренд Fabita го задржува готвењето како основна функција, но на поинаков начин.
Очигледна е промена во пристапот, нова практичност и можност за користење во различни услови. Сето ова е придружено со иновативен, атрактивен дизајн на кој за Fabita работел Adriano Design.
Производите овозможуваат повеќе функции во исто време и нудат паметни технолошки решенија.