Herman Miller е компанија со историја долга 110 години, која е позната по креирање на стилски, модерен и научно дизајниран мебел за канцеларии и дом.
Славниот американски бренд одлучил да влезе во сегментот на гејмерски мебел за да привлече сосема нова целна група. Zeeland, производител на мебел од Мичиген, соработувал со брендот Logitech G за заедно да ја претстават Embody Gaming Chair столицата. Оваа извонредна гејмерска столица фокусирана е на комфор и поддршка, заедно со стилот кој е вообичаен за оваа сфера на мебел.
Гејмерите знаат дека дека практично сите столици наменети за нив го делат истиот стил. Сепак, Embody Gaming Chair повеќе личи на вообичаена канцелариска столица.
„Гејмерите заслужуваат напредни, аеродинамични решенија во сите аспекти на игрите. Се здруживме со брендот Herman Miller, за да можеме заедно да овозможиме еволуција на нивната наградувана Embody столица, креирајќи сосема ново решение кое им одговара на денешните гејмери“, изјави Peter Kingsley, директорот на маркетинг на Logitech G.
„Ова е прв чекор во нашата долготрајна врска и навистина сме горди на нашата соработка, која изнајде нови начини на гејмерите да им даде прилика да играат во најдобри услови“, додава. За да им понудат одличен комфор на гејмерите, оваа столица е опремена со системот PostureFit за поддршка на кичмата, заедно со дополнителен слој постава и разладна пена. Цената на оваа столица изнесува 1.495 долари, а наскоро ќе и се придружи и рабона маса со можност да се подесува висината и постолје за монитор.