Насловна / Архитектура / Најлуксузен аеродром во светот

Најлуксузен аеродром во светот

najluksuzen aerodrom vo aerodrom (14)

Кога се има неисцрпна сума на пари на располагање, како во примерот со арапските држави од Персискиот Залив, односно Обединетите Арапски Емирати или Катар, тогаш возможни се  масивни и речиси невозможни проекти.

najluksuzen aerodrom vo aerodrom

Ваквите проекти ги прославуваат овие помалку„познати“ земји и ги ставаат на мапата на пожелни и луксузни туристички дестинации. Последен ваков проект е неверојатниот аеродром Hamad во Катар, кој се смета за најлуксузен аеродром во светот.

Овој проект е многу повеќе од само еден аеродром – тој изгледа како дел од градот каде што богатите и славните одат на шопинг, на ручек, или бараат луксузно сместување. Патниците можат сега додека го чекаат својот авион да купуваат во Armani, Burberry, Chanel, Hermes, Bulgari и други бутици, или да пијат кафе нарачано во еден од „позлатените“ кафе киосци.

najluksuzen aerodrom vo aerodrom (6)

najluksuzen aerodrom vo aerodrom (8) najluksuzen aerodrom vo aerodrom (7)najluksuzen aerodrom vo aerodrom (11)

За оние што имаат потреба од сместување, бидејќи остануваат на аеродромот подолго време, се претставени „премиум“ сместувачки единици, кои вклучуваат голем број на соби и апартмани, а тука е моќниот Претседателски апартман. Доколку е потребно, овој апартман може да се изнајми и на само три часа.najluksuzen aerodrom vo aerodrom (3) najluksuzen aerodrom vo aerodrom (4) najluksuzen aerodrom vo aerodrom (5)

Уште едно идеално место за чекање на авионот е грандиозната ложа Al Mourjan Business Class со повеќе нивоа, каде што има туш кабини, тивки соби со кревети, соби за состаноци, два ресторани и простор за игра. И, конечно, гладните патници можат да избираат повеќе од 30 ресторани, при што најпознатиот меѓу нив е Le Grand Comptoir food & wine bar.

najluksuzen aerodrom vo aerodrom (12)najluksuzen aerodrom vo aerodrom (9) najluksuzen aerodrom vo aerodrom (10)najluksuzen aerodrom vo aerodrom (2)

Испрати коментар

Scroll To Top