Насловна / Вести / Најлоши аеродроми во светот во однос на доцнењето

Најлоши аеродроми во светот во однос на доцнењето

Аеродромот „Торонто Пирсон“, најголемиот меѓународен аеродром во Канада, претходните пет години добивал најголеми признанија во Северна Америка за своите аеродромски услги, но за месеците јуни и јули заработи посебно признание – прогласен е за најлош на светот според доцнењата.  Имено, доцнењата на овој аеродром се полоши од било каде на светот, поточно повеќе од 53 поаѓања од овој канадски аеродром во текот на јуни и јули не стигнале на време на дестинацијата, истакнуваат стручњаците од авио сообраќајот врз основа на анализите објавени на сајтот FlightAware.

toronto1

Работите во Tоронто стануваат се полоши, истакнуваат стручњаците и додаваат дека доцнењата достигнале максимум на 30-ти јуни, кога биле одложени 347 летови или 66,6% од планираните поаѓања. Проблемите настанале поради зголемен обем на патници и летови после короната и летната сезона, како и истовремениот недостаток на персонал на сите позиции. Имено, многу аеродроми не биле во состојба да ангажираат доволно работници за да се справат со порастот на патувањата, откако претходно отпуштија голем број работници во екот на короната.

toronto2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top