Насловна / Арт и дизајн / Најлежерна книжарница на светот

Најлежерна книжарница на светот

Сè повеќе се реализираат светски книжарници и библиотеки, кои се истакнуваат со некакви  спектакуларности, било да се работи за нови проекти или некои стари, оние што се само реновирани и реставрирани.

Сепак, една се издвојува, а тоа е Seashore Library која е совршен приказ и спој на дизајн, природа и смиреност околу себе, бидејќи се наоѓа на плажа, во близина на морето.knizharnica_2

Овој брилијантен проект го создаде и осмисли архитектонското студио Vector Architects, а се наоѓа на три часа возење од Пекинг, како дел од одморалиште кое е со причина оддалечено од градската врева. knizharnica_6
Централниот дел на книжарницата во кој може да се престојува е свртен, се разбира, кон морето, од кое го дели само стаклен ѕид кој се отвора, така што корисниците се буквално на два чекори од плажата, со книга во рацете.knizharnica_4

Она што ја прави оваа книжарница посебна е робусната, сирова и модерна архитектонска конструкција која изгледа недовршено, и токму поради тоа совршено се вклопува во амбиентот на екстериерот, додека во ентериерот доминира комбинацијата од бетон и дрво, нагласена логично со книги.knizharnica_3 knizharnica_1

Испрати коментар

Scroll To Top