Дека изгледот и поимот на теретана може да излезе надвор од препознатливите рамки, зборува следниот пример кој најдобро сведочи за ова.
Се работи за приватна теретана која се наоѓа во Санкт Петербург, Русија, и тоа во сосема изолирано опкружување.
Иако изгледот потсетува на еден вид станбен објект, во прашање е теретана, која има сопствен базен, како и lounge. Опремена е со врвна опрема за вежбање, а кога потењето ќе заврши, следува и фаза за релаксација, без разлика дали е пливање во базен, дишење свеж шумски воздух, или едноставно „контемплирање“ на една од лежалките, било на тераса или во ентериерот. За овој одличен проект кој е акцентиран со стаклени ѕидови, за да се спои со природата со која е опкружен, е заслужно студиото HOROMYSTUDIO.