Кина планира изградба на најкомплицираната брана на светот на Тибетанската висорамнина, опркружена со некои од највисоките планини и најдлабоки клисури на Планетата. Потфатот е вреден околу 100 милијарди долари. Браната би требало да биде изградена во планинскиот регион подложен на природни катастрофи како земјотреси и клизишта, што дополнително ја компликува реализацијата.
Кина, позната по соборување на многу рекорди во индустријата и во инфраструктурата, моментално има околу 87.000 брани. Управувањето со водите е клучен фактор за забрзување на развојот на земјата со 1,4 милијарди жители. Капацитетот на хидроелектраната каде ќе се гради оваа брана е 60GW. Тибетанската висорамнина, со просечна височина од над 4.500 метри, с епростира на површина која е пет пати поголема од Франција. Има клучна улога во снабдувањето со вода на целиот регион, па така го добива епитетот „водена кула на Азија“.