Недалеку од “Gare de Lyon“ во Париз се наоѓа улицата Crémieux (XIIe) и нејзините уникатни куќи, од кои секоја е со фасада во различна боја. Во оваа улица нема да најдете ниту еден од познатите споменици на Париз, меѓутоа шаренилото од бои во близина на кејот на Сена, навистина плени.
Се наоѓа во дванаесеттион арондисман на градот. Сите овие резиденцијални објекти имаат слична архитектура, немаат повеќе од два до три ката, и имаат само по неколку скалила на влезот. Прекрасна симетрија.
Изградени во британски стил, нивната речиси единствена разлика е бојата на фасадата. 35 објекти со 35 различни бои. Улицата е отворена уште во далечната 1865 година, а во 1897 го добива денешното име во чест на Adolphe Crémieux (1796-1880) реномиран адвокат и француски политичар.