Devin Miles е германскиот уметник чии дела се изложувани со оние на Енди Ворхол и Роберт Раушенберг во најпознатите музеи и галерии во светот.
Devin Miles, пионер на германското нео-поп арт движење и еден од најистакнатите германски современи уметници, изложува во исторскиот Кемпински хотел Адриатик во близина на Умаг. Изложбата е насловена Edition 2014. Приказната за подемот и успехот на овој уметник може да се опише со епитетите брз и експлозивен, токму заради неговите карактеристични дела кои формираат совршена симбиоза на сликарство и ситопечат.
Познатите филмски икони од педесеттите и шеесеттите години од минатиот век ги оживува во светли бои, оддавајќи им почит на нивното бунтовништво и натприродна убавина. Роми Шнајдер, Брижит Бардо, Џејмс Дин и незаборавната Одри Хепберн се само некои од иконите од овој фасцинантен период, како и некои од големите светски метрополи како што е Њујорк. Од областа на техничките иновации, делото на Devin Miles е интересно поради печатењето на рачно-полирани алуминиумски плочи. Користи акрилни бои во airbrush техника.
Изложбата Edition 2014 е отворена до 17 октомври.