Насловна / Градежништво / Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблем

Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблем

DOBRE TASEVSKI dodeluvanje nagrada za 60 god od grad.fakultet

Добре Тасевски, градежен инженер, завршил средно техничко училиште во учебната 1964/1965 година, насока високоградба. Се запишал и завршил Архитектонско градежен факултет, конструктивна насока во 1970 година. Веднаш се вработил во КГК-инженеринг (сегашен Адинг) и првите три години работи во проектантско биро, на објекти од високо и ниско градба. За краток временски период неговата визија се насочува кон нова креативна област поврзана со хемијата во градежништвото, во тој период малку или воопшто непозната.

Улогата на хемиските елементи е директно давање придонес кон подобрување на физичко-механичките карактеристики на цементни, варовни, битуменски и глинени композити, а воедно ја продолжува и нивната трајност, како во новоградбата така и при санацијата.

Идејата поддржана од раководниот тим на Адинг (во тој период Охис-инженеринг) и во меѓувреме формираниот стручен тим во производствениот, развојниот и маркетиншкиот дел вродија позитивни резултати во и вон Југославија (Русија, Чехословачка, Ирак, Иран, Кувајт, Алжир и Либија). Покрај редовните обврски како координатор (Институт за производство и комерцијала), работи и на едукативен план на клиентите на Адинг.

Во 1984 година добива Првомајска награда на Македонија, за технолошки процес за адитив за зимско бетонирање, примен е како член на претседателството на Југославија во Сојуз на инженери и техничари за заштита на материјали и конструкции, формира Друштво за заштита на материјали и конструкции во Македонија и е избран за претседател на друштвото. Активно учествува на советувања, конгреси, симпозиуми и со теми во стручни списанија.

Од 1988 година, се вработува во новоформираната фирма Синтек, се ангажира во санационата област за заштита на конструкции од агресивни средини, високи температури, подземни и атмосферски води, итн.

Avionska snimka na most B 64

Авионска снимка на мост B 64, Сопот

Melnicki most - postavuvanje na skele

Мелнички мост, Дебар

Вие, за разлика од вашите колеги од вашата генерација, сте одбрале сосема друг правец на докажување. Зошто?

-Отсекогаш сум имал желба да работам со предизвици. Да работам нешто што на другите не им паднало на памет никогаш. Така се отвора голем простор за докажување. Тоа значи дека за да се докажеш треба голем ангажман, поврзан со многу труд. Од тоа не сум се плашел и со работа и работа, со искористена секоја минута од слободното време успеав да се докажам во делот на непознатото. Најискрено уживам во успехот кога се надминува некој вистински проблем.

Most 130 - Miravci 2 faza NATO

Мост 130, Миравци

Што беше пресудно да се преориентирате од проектирање во сосема нова област, хемија во градежништвото?

-Работев неполни три години, главно на статика со ревидент од ИЗИИС, кој ми понуди да преминам во таа институција. Емотивната поврзаност со моите претпоставени надвладеа да останам таму каде сум. Но, после краток временски период сфатив дека во тогашното мало претпријатие јас не можам да изборам рејтинг меѓу 15 најуспешни конструктори во Македонија, и решив да се преориентирам кон нова област, која веќе една година ја запознав и која ќе ми пружи можност да бидам меѓу првите во Југославија, и тоа го остварив.

Skopska tvrdina Kale - sanacija na objekt od otomanskiot period

Кула на кале

Дали беше ризична Вашата одлука за премин во нова област, која нема допирни точки со Вашето образование?

-Јас имав визија за нешто ново. Ново, што е актуелно, а не е познато или малку познато. За ново да се зафатиш, да се реализира и да се остварат позитивни резултати, потребна е добра база, претходно сознание и познавање на градежните материјали, нивните врзивни и придружни елементи, и сето тоа треба целосно да се компонира при додавање на некој хемиски додаток и да се спроведе анализа на позитивни или негативни реакции, потребен е голем труд. Секој труд пуштен во нешто што не е целосно докажано и целосно не е познато е ризик, а пак без ризик нема успех.

Јас го искористив периодот кога хемијата во градежништвото беше непозната, со голем труд мојата визија, благодарение на разбирањето на моите претпоставени и мојот тим, ја остварив.

pred sanacija most Plasnica - Crna Gora

Пласница, Црна Гора, пред санација

Most Plasnica - Crna Gora po sanacija

Пласница, Црна Гора, по санација

Од Вашиот одговор можеме да заклучиме дека за успех во кој било правец голем придонес има тимскиот ангажман?

-Јас секогаш сум настојувал, дали идејата е моја или на моите соработници, таа да  биде тимски остварена. Самостојна реализација на сопствена идеја бара време, времето чини пари, а ненавремена реализација во однос на конкуренцијата однесува финансиски ефект од идејата.

Кој е Вашиот херој?

Во 1972 година се градеше најголемиот објект во Југославија, Шарски води. Проектанти на објектот беа професор Гаревски и професор Микле Серафимовски, а раководител Благоја Гошев, градежен инженер вработен во ГП Маврово. Мене, како млад инженер, ми се зацрта мисла која и ден-денес не можам да ја одречам, дека тој тим е најуспешен во тој период. Тоа не значи дека не треба да споменеме и многу други наши стручњаци, кои слободно може да се наречат македонски гении од практичен и теоретски дел во различни области од градежништвото. Мислам, можеби пристрасно или реално, дека во тој период, пред транзицијата, според бројот на жители, македонското градежништво беше технички најпотковано во Југославија и вон неа.

Oplata na optocen tunel na Saska reka

Опточен тунел на Саска река

Набројте, според Ваше согледување, неколку атрактивни објекти од македонското градежништво во последните 15 години.

-Ме ставате во големо размислување од причина што сите атрактивни објекти во смисла на инженерски предизвик во последните 15 години беа препуштени на странски фирми. Тие фирми пред нашата транзиција воопшто не беа препознатливи, нити во нивните држави, нити кај нас или нашето опкружување. Само проектите на нашата оператива во Југославија и надвор од неа, во Русија, Ирак, Иран, Алжир, Чехословачка итн., во чија изведба сум учествувал и јас, можат да ги пополнат сите страници на „Порта 3“, а сега не можам да најдам ни за три реда. Во тие три реда би ги издвоил објектите од браната Злетовица, заради промена на материјалот за изведба на јадрото – дијафрагмата од насипната брана, што првпат се вградува во Македонија, браната Козјак и браната Света Петка.

Каков е односот на младите кон градежништвото?

-Сметам дека изгубениот интерес на младите за приклонување кон градежната насока постепено се враќа. Интересот за создавање само интелектуален кадар техничари и инженери не го решава проблемот. Паралелно, нас ни треба поттикнување интерес за директни извршители со КВ и ВКВ квалификација, мајстори и палири, обучени за владеење со проекти и методологии за изведба.

Ваши идни планови во градежништвото?

-Се обидувам заразниот вирус, поврзан со санација, зајакнување и заштита на градежни објекти, да го уфрлам во сите или барем во оние што имаат директен контакт со мене.

Многу е лесно да се изгради ново, лесно е да се користи подолг период ако редовно се одржува, но многу е тешко да се поправи ако се занемари. На крај би препорачал: редовното одржување е единствен лек за долговечно користење на создаденото.

SkSaem1

Скопски саем

Набројте на кои објекти во последните 15 години, преку Вашата методолошка постапка по која Вие сте препознатлив, директно сте учествувале?

Ангажман од хидроизолациони проблеми:

–   Водна комора од капацитет 32.000 м3 ХЕЦ Гостивар, Тунел ДУФ во должина од 3 км, опточен тунел Завој 3км, изолација на кров од челичен покривач на четири хали на Скопски саем

Санација, зајакнување и заштита на мостови:

–   19 мостови Куманово – Деве Баир,  инвестиција на КФОР,

–   44 мостови делница Блаце – Гевгелија, инвеститор НАТО,

–   5 мостови делница Генерал Јанковиќ – Качаник,

–   28 мостови  Јадранска магистрала Рожај – Подгорица , Црна Гора

–   39 мостови Чоп – Лвов – Украина

Мелиоративни системи:

–   Обработка на дилатациони фуги Полог – Тиквешко поле, Брегалница преку 100 км,

–   Санација на опточен тунел САСА во должина од 950 м, и изработка на нова делница во должина од 88 м.

Санација, зајакнување и заштита на културно историски објекти:

–   Четири џамии во Пеќ и една во Приштина

–   Амами во Пеќ и Вучитрн

–   Кули во Кратово, Пеќ

–   Костурница во Велес

–   Објект од Отоманскиот период на Кале – Скопје, итн

Испрати коментар

Scroll To Top