Божиќната реклама на стоковната куќа „Џон Луис” веќе со години е најисчекуваниот празничен спот. Ѕвезда на минатогодишната реклама беше Елтон Џон, а оваа година главниот глумец е анимираниот, сладок змеј Едгар.
Рекламата е емотивна приказна за пријателството и фактот дека еден гест може да привлече големо внимание.
Приказната за волшебни јунаци, разочарувања и среќен крај, нестрпливо се чека секоја година. Оваа година, главниот глумец, змејот Едгар, не може да престане да се одушевува на ситните, детски радости.
Само на Јутјуб рекламата досега ја погледнале околу девет милиони луѓе.