Уметничкиот и комерцијален фотограф Balint Alovits ја објави својата најнова серија фотографии насловена Time Machine, која ги документира Art Deco и Bauhaus скалите низ Будимпешта. Прикажани од идентична перспектива, фотографиите кретираат нова димензија фрагментирајќи ги просторот и времето, но останувајќи во рамките на визуелните ограничувања на проектниот концепт, загатнувајќи ја и идејата за бесконечноста. „Отсекогаш се воодушевував на Art Deco и Bauhaus зградите. Затоа сакав да направам колекција од различните бои и форми со кои изобилуваат скалите во овие објекти“, вели Alovits.