Насловна / Архитектура / Најиновативни проекти за адаптација во 2019 година

Најиновативни проекти за адаптација во 2019 година

Декадата која е позади нас, покажа дека адаптацијата и реупотреба на некои простори е мошне развиена и користена во современото градежништво. Архитектите и останатите инженери, изминативе десетина години ги користеле сите можности да внесат нов живот на подценетите градби.

Неколку примери на адаптација и реупотреба во последните 12 месеци, кои демонстрираат различни начини на кои ваквите проекти можат да ги поврзат минатото и иднината.

Medieval Mile Museum, Килкени, Ирска

ирска1_resize

McCullough Mulvin Architects беа номинирани за наградата Мис ван дер Рое 2019 за чувствителната адаптација на црква од 13 век во Килкени, Ирска во музеј на средновековни артефакти. Направени се модерни зафати кои ги дополнуваат изворниот варовник и шкрилци во црквата, а голем дел од дрвениот кров е оставен отворен за  да се соосздаде централна точка.

ирска2_resize

Galeries Lafayette, Париз, Франција

париз_resize

Еден од поскромните проекти на Bjarke Ingels Group (BIG) завршени во 2019. година е обновата на популарната стоковна куќа Galeries Lafayette на Елисејските полиња во Париз. Обновената Art Deco зграда, нуди четири ката малопродажба распоредени околу голем кружен атриум и според зборовите на архитектите „комбинира стара, светска елеганција со модерен шик“.

Wuyuan Skywells Hotel, Кина

кина1_resize

Последниве години Кина ги подобрува своите угостителски понуди, а низа возбудливи хотелски комплекси ја прават извонредна дестинација за љубителите на дизајнот. Хотелот Wuyuan Skywells Hotel во провинцијата Јиангки е сместен во 300 години стар објект во Huizhou-style, кој го реставрирале архитектите од бирото Anyscale Architecture Design, давајќи му нова содржина. Задржани се многу обележја на старите гостилници, вклучувајќи ги и избледените зборови, цитати на претседателот Мао.

кина2_resize

XY Yunlu Hotel, Кина

паккина1_resize

Исто така во Кина, шангајското биро Atelier Liu Yuyang претворило во хотел XY Yunlu Hotel згради на фарма кои биле вон употреба. Хотелот во долината на реката Ли го задржува оригиналниот распоред на селото и користи палета на материјали која ги надополнува традиционалните соседи. Пет урнати згради, внимателно се реновирани и обновени со ентериер од бетон, дрво и челик.

паккина2_resize

Apple Carnegie Library,Вашингтон, САД

ваш1_resize

Во тек на 2019. Година Apple започна уште едно реновирање на историски значајната зграда, претворајќи ја првата јавна библиотека во Вашингтон во нова, водечка продавница. Реставрацијата на 116-годишната библиотека Карнеги од страна на бирото Фостер + Партнерс траеше две години и вклучуваше инсталирање на нов светларник над централното плато, кое се користи за организирање на настани. Столбовите и обликувањето на ѕидовите се задржани и обновени.

ваш2_resize

August hotel, Анверпен, Белгија

анвер1_resize

Ако сакате да создадете ентериер за хотел во некогашен манастир, Vincent Van Duysen е вистинскиот човек за тоа. Белгискиот минималист соработуваше со Wouter Callebaut Architects за дизајнот на August hotel во Антверпен, во кој има палета на пригушени материјали и едноставен мебел, кои упатуваат на животниот стил на неговите оригинални жители.

антвер2_resize

The Detective Building, Питсбург, САД

питс1_resize

Доказ дека индустриската естетика остана модерен изглед и во 2019 година може да се најде во овој проект за адаптација за повторна употреба на дизајнерот за расвета, Brian Faherty. Неговото студио за дизајн Schoolhouse го трансформираше полициското биро за убиства од 70-тите години во простор за заедничка работа и центар за малопродажба, овозможувајќи повторна употреба на оригиналните материјали во зградата, истовремено изложувајќи ги и челичните носачи и индустриските цевки.

питс2_resize

Nevill Holt Opera, Лестершир, Англија

лест1_resize

Оваа трансформација на некогашен објект за чување коњи во селски оперен театар во Лестершир, Англија, архитектите од бирото Witherford Watson Mann ги стави во потесен избор за наградата Stirling Prize 2019.  Објектот Nevill Holt Opera се наоѓа во стопански двор, а на врвот е поставен кров од челик и дрво.

лест2_resize

Old Post Office, Кембриџ, Онтарио

онта1_resize

Минатото и иднината се судираат во оваа „библиотека без книги“ во Кембриџ, Онтарио. Локалното биро RHDA додаде стаклен павилјон на поранешна пошта, стара 134 години, за да се создаде центар за учење и направи место каде посетителите ќе можат да читаат на таблети или да користат простори за печатење со 3D печатачи, ресторан и простор за настани. Застаклениот продолжен дел се обвиткува околу постојната зграда, оставајќи ги нејзините камени sидови да бидат изложени внатре.

онта2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top