Холандското архитектонско студио Mei Architects добило за задача да го замени еден од „најгрдите“ објекти во Ротердам, како што многумина го нарекувале, простор во кој е сместен еден од најпознатите ресторани на денешницата за брза храна, Mc Donalds. Ресторанот опстојувал на оваа локација повеќе од 45 години, но по гласањето на жителите на Ротердам за кој објект сакаат да го заменат со нова структура тие го избрале токму овој.
Објектот е лоциран на една од најфреквентните шопинг улици во градот Coolsingel. Неговата постоечка фасада е заменета со фасада изработена од пикселирани слики, а целиот објект добива изглед на златен павилјон. Програмата во внатрешниот дел е организирана на два ката, поврзани меѓусебно со бели кружни скали кои доминираат во просторот. Лобито на ресторанот е целосно транспарентно со влезови од три страни.
Оригиналниот излгед на објектот