Насловна / Вести / Најголемото чистење на океаните во историјата, 11 тони пластика извлечени од Пацификот

Најголемото чистење на океаните во историјата, 11 тони пластика извлечени од Пацификот

Компанијата „The Ocean Cleanup“ е непрофитна организација специјализирана за чистење на океаните и располага со модерна технологија. Во текот на минатата недела при чистење на дел од Тихиот океан извлечени се 11.353 килограми пластичен отпад. Овој потфат се смета за едно од најголемите чистење на океаните во историјата.

o

Секоја година, милиони тони пластика се фрлаат во океаните или стигнуваат по речните текови. Ако ништо не се преземе, пластиката сè повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравје и стопанство.

Главниот мотив за чистење на океанското ѓубре од пластика и друг отпад е здравата еколошка средина. Чистењето на океаните се состои од две фази.

o1

Прво, пластиката се собира во различни избрани делови на океанот, а потоа, со помош на специјална технологија, се извлекува на брод со специјална намена.

Покрај океанот, се чистат и речните текови, бидејќи ѓубрето преку нив стигнува до океанот.

o2

Целта е пластиката што плови да се намали за околу 90 отсто до 2040 година.

За чистење на мапираниот дел на Пацификот во текот на минатата недела, користен е модерен технолошки систем „Систем 003“.

Испрати коментар

Scroll To Top