Во Кина е пред крај изградбата на чудо-мост. Целта на изградбата на овој мост од Хонг Конг до Жухаи и Макао беше патувањето долго три часа да се намали на половина час. Мостот е долг 55 километри. Свеченото отворање се предвидува за крајот на годинава.
Во текот на градењето на најдолгиот мост во светот загинаа седум работници, а 129 беа повредени. Сега неговата изградба е пред крај, а досега за неговото градење се потрошени 98 милијарди долари.
Конструкцијата на мостот е тешка 420.000 тони или има доволно челик да се изградат 60 ајфелови кули. Главниот инженер Yin Haiqing вели дека поради недостигот на искуство им биле потребни 96 часа да ја постават првата цевка во океанот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=M7mBTf4hlWs
https://www.youtube.com/watch?v=Kikg1wlLieQ