Големи и пространи банкет сали, луксузни и богати лобија, огромни простории за бал, ова е збирка на фотографии од европски сјајни хотели кои, за жал, сега се напуштени.
Одблиску можете да ги погледнете раскошните и величенствени соби кои сега се прекриени со прашина и мов.
Некогаш, овие хотели ги угостувале кралските семејства и високите општествени слоеви, а денес се оставени да „скапуваат“ на забот на времето.
Еден ИТ работник од Грац, Австрија, кому пасија му е фотографијата, патувајќи низ Европа направил одлични фотографии на околу 100 напуштени хотели.