Насловна / Вести / Најголемите нафтени производители ќе намалуваат инвестиции, ќе продаваат имоти и ќе укинуваат работни места

Најголемите нафтени производители ќе намалуваат инвестиции, ќе продаваат имоти и ќе укинуваат работни места

Најголемите светски производители на нафта и гас, при најниско ниво на цената на суровата нафта за 11 години, најавуваат натамошно намалување на инвестиции, продажба на имоти и укинување на работни места, но се очекува да ги задржат дивидендите кои ги бараат инвеститорите.

нафта

Актуелната цена на нафтата е околу 37 долари за барел, што е значително под 60 долари, колку што им е потребно на компаниите како што се Total, Statoil и BP за да ги урамнотежат своите биланси, на ниво кое веќе е мошне намалено во последните 18 месеци, откако цените на нафтата паѓаат.

Меѓународните нафтени компании и во 2016 година ќе бидат присилени да ја намалат потрошувачката, да продаваат имоти, да кратат работни места и да ги одложат проектите со оглед дека цената на нафтата не покажува знаци на закрепнување.

Американските производители Chevron и ConocoPhillips објавија дека планираат да ги намалат буџетите за една четвртина во 2016 година. Royal Dutch Shell, исто така, најави пад на потрошувачката за дополнителни пет милијарди долари, доколку продолжи планираното преземање на BG Group.

Се очекува дека глобалните нафтени и гасни инвестиции ќе паднат во 2016 година, на најниско ниво за шест години, на 522 милијарди долари, по падот од 22 отсто на 595 милијарди долари во 2015 година, покажуваат прогнозите на консултантската компанија од Осло, Rystad Energy.

– Ова е прв пат од кризата на пазарот на нафта во 1986 година, инвестициите да паѓаат две години по ред, наведуваат од компанијата.

Но, со релативно низок сооднос на долг и должнички капитал во секторот од околу 20 отсто и помалку, извори од индустријата тврдат дека компаниите уште повеќе ќе се задолжуваат за да го покријат дефицитот во приходите и да ги заштитат дивидендите.

На пример, Shell ја нема намалено дивидендата од 1945 година, а оваа традиција актуелното раководство не сака да ја прекине. Остатокот на секторот ,исто така, не зазира од намалување на исплатите на дивидендите на акционерите.

Испрати коментар

Scroll To Top