ExxonMobil, Schlumberger и Occidental се во растечката група на нафтени гиганти кои главно го заобиколуваат секторот на обновливи извори, но ви инвестициите за декарбонизација се свртеа кон производство на литиум, имајќи предвид дека тој е многу значаен за енергетската транзиција. Но не преку рудници. Сметаат на предностите на своите технологии за екстрахирање на солените подземни води богати со овој метал.
Британските компании Shell и BP (претходно British Petroleum) инвестираат огромни средства во соларни и ветерни електрани, а ваквите проекти се развиваат бавно. Тоа е еден од важните фактори со кои моќе да се објаснат нивните слаби перформанси на берза. Во последните пет години забележале раст од 10, односно пад од 13 %. За разлика од нив, ExxonMobil сега вреди 50% повеќе. Што се однесува до енергетската транзиција и декарбонизација, тој гигант со седиште во тексас настапува индиректно. Имено, како и многу други производители на нафта и гас, се свртува кон литиумот. Споменатите компании веруваат дека можат да ја искоростат и унапредат својата технологија за екстракција на овој елемент од подземните води. Најголемата светска рударска компанија Rio Tinto развива проекти за ископување и преработка на литиумот кој се наоќа во карпите. Досега такви рудници се отворани само во ненаселени и пусти подрачја. Проектите на оваа компанија во Португалија и Србија очекувано предизвикаа отпор кај лоланото население и активистите за заштита на животната средина.