Станбената зграда „Tree House“, која се наоѓа во Сингапур, влезе во Гинисовата книга на рекорди и тоа поради најголемиот зелен ѕид во светот. Површината на овој ѕид изнесува импресивни 2.300 m2, а инвеститорите очекуваат заштеда од 500.000 долари годишно во трошоци за енергија и вода. Зградата има 24 ката и се наоѓа во тивкиот дел на Сингапур, а покрај зелениот ѕид поседува и други одржливи технологии. Исто така, сите балкони на објектот ќе бидат во зеленило. Зелениот ѕид ќе го намали вкупниот јаглероден отпечаток на зградата. Се очекува зградата да биде комплетно во функција во 2017 година.