Насловна / Вести / Најголемиот ветерен парк во БиХ, пуштен е во пробна работа

Најголемиот ветерен парк во БиХ, пуштен е во пробна работа

По добиената употребна дозвола, првите турбини во ветерниот парк „Ивовик“ во Босна и Херцеговина, почнаа да произведуваат електрична енергија. Во тек е пробна работа на постројката, што е клучен чекор во процесот на нејзиното официјално пуштање во погон.

Сопственик на ветерниот парк е компанијата VE Ivovik d.o.o. , која е формирана во Сараево во 2006 година. Сегашните инвеститори ја презеле компанијата во 2022 година, преку меѓународна аквизиција. Во конкретниот проект заеднички инвестираат Power Construction Corporation of China (POWERCHINA) и China General Technology (Group) Holding Co., Ltd (GENERTEC). Станува збор за прв енергетски проект кој кинеска компанија го инвестира во Босна и Херцеговина.

Ветерниот парк се наоѓа во Ливно, и има инсталирана моќност од 84 MW, односно вкупно 20 турбини од по 4,2 MW.

Испрати коментар

Scroll To Top