Насловна / Вести / Најголемиот вештачки остров на светот – гигант од 970 квадратни километри

Најголемиот вештачки остров на светот – гигант од 970 квадратни километри

Холандија низ годините постојано ја зголемува својата територија под копно, преку исушување на морското и езерско дно, со градење брани и исцрпување на водата. На тој начин создава полдери – вештачки депресии опкружени со вода кои се претворени во обработливи површини за одгледување на различни земјоделски култури. За најголем вештачки остров на светот, Гинисовата книга на рекорди, прогласила токму еден таков полдер – Флевополдер. Изграден е во периодот помеѓу 1955 и 1968 година. Се простира на дури 970 квадратни километри, во близина на три езера и претставува дом за околу 400.000 жители. На врвот од листата на најголеми вештачки острови во светот се наоѓа и Yas кај Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, кој се простира на 25 квадратни километри. Претставува популарна туристичка атракција, а таму се вози и Големата награда на Абу Даби. Јапонија исто така е земја со голем број на вештачки острови, а на два од нив се сместени и аеродроми.

flevopolder1

flevopolder3

flevopolder4

Испрати коментар

Scroll To Top