Насловна / Вести / Најголемиот тунел во светот се гради на дното на Балтичкото Море

Најголемиот тунел во светот се гради на дното на Балтичкото Море

Германија и Данска градат тунел под Балтичкото Море што ќе го намали патувањето меѓу Хамбург и Копенхаген од речиси пет часа на два и пол часа.

Градежните работи започнаа во 2022 година, тунелот Фехмарнбелт ќе чини околу седум милијарди евра, а сообраќајот низ него се очекува да биде пуштен во 2029 година.

Фехмарнбелт ќе биде долг 18 километри, ќе оди до 40 метри под Балтичкото Море и ќе има пет галерии: две за патен и две за железнички сообраќај и една галерија за итни случаи.

Фехмарнбелт е дел од новата сообраќајна рута Е47 што ја поврзува Германија со Шведска, минувајќи низ данската престолнина Копенхаген. Во моментов, возењето со траект преку теснецот помеѓу островите Фехмарн и Лоланд трае околу 45 минути, а патувањето со воз низ тунелот ќе трае само седум минути.

Тунелот е всушност бетонска конструкција од 89 огромни бетонски модули кои се поставени на дното на морето. Секој модул е ​​долг 217 метри и широк 42 метри, а тежи околу 73.000 тони. Деловите се произведуваат и потоа се спојуваат на морското дно, пренесува Ревија ХАК.

Тунелот е зајакнат со челични мрежи, а секоја недела се произведуваат 1.500 тони челик за да се формираат шипки долги 15 метри и дијаметар 32 милиметри. За тунелот ќе биде потребен челик како за 50 Ајфелови кули.

Испрати коментар

Scroll To Top