Длабоко во внатрешноста на планината на оддалечениот норвешки остров, замрзнатиот архипелаг Svalbard, на половина пат помеѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот Пол, се наоѓа Global Seed Vault – глобален трезор за семиња. Објектот е изграден со најнова опрема заради заштита на семињата од сите видови на природни или вештачки катастрофи.
Камен-темелникот за овој неверојатен објект е поставен во 2006 година. Целта на овој трезор е чување на замрзнати копии (сигурносни копии) на примероци на семиња од сите светски култури. Svalbard е исто така познат и како „Судниот ден“, што не е изненадувачки со оглед на тоа што се работи за едно од најважните места за зачувување на производството на храна во случај на ботанички катастрофи.
Во случај на регионална или глобална катастрофа, овој супермодерен објект гарантира дека глобалното производство на храна ќе продолжи да функционира. Трезорот за семиња се наоѓа 120 метри во внатрешноста на планината на островот Spitsbergen, и има најмодерни системи за безбедност.
Влезот има форма на долг тесен бетонски тунел, а изграден е од брусен челик . Надворешната површина на покривот е декорирана со уметнички „елементи“, кои на горниот дел ја рефлектираат поларната светлина, а на долниот дел е слабо светло. Местото е наменето за сите можни најцрни сценарија. Објектот се состои од три одделни подземни комори, при што секоја комора има капацитет да смести 1,5 милиони различни примероци семиња. Изградбата на објектот чинела девет милиони долари и е во сопственост на Норвешка, која целосно го финансирала.
Global Seed Vault функционира како трезор во банка.
Odlicna storija momci.