Најголемиот производител на нафта во светот, компанијата Saudi Aramco, истакнува дека електричните возила имаат веќе сериозна улога во мобилноста. Меѓутоа, како што истакнал главниот извршен директор на компанијата на 11тата Меѓународна конференција за нафтена технологија (IPTC) во Пекинг, на тој начин емисиите на штетни гасови се селат од автомобилите во оџаците на енергетските постројки, се додека енергетскиот микс не стане потполно одржлив. „Се предвидува дека дури и за 25 години, јагленот ќе учествува со 50% во енергетски микс на големите економии како на пример Кина и Индија. Светот не може толку долго да чека доколку борбата со климатските промени е вистински приоритет“напоменал тој, додавајќи дека компанијата одлучила „да ја тргне маглата“.
Имено, Saudi Aramco планира со користење на нови технологии и иновации, да го намали јаглеродниот отпечаток на своите горива, со цел тие да станат прифатливи за општеството на 21-виот век.