Се работи за постројката “Рабо I” лоцирана на земјоделска површина и составена од 363 фотоволтаични модули распоредени на три локации кои погонуваат вкупно 6 пумпи за вода. Вкупната моќност на фотоволтаичните полиња е 90,75 kWp. Модулите се поставени под агол од околу 30° во однос на хоризонталата, а степенот на ефикасност е 15,27%.
Примарната цел на овој проект е замена на дизел горивото со еколошки прифатлив енергент, во насока на производство на електрична енергија за погон на пумпите за наводнување.
Очекуваното производство на електрична енергија на годишно ниво е 16,4 MWh, а максималниот проток кој може да се обезбеди кај пумпите е 22 m3/h за една пумпа. Постројката е во работа од мај оваа година.