Американската војска веќе одамнa користи системи за складирање на енергија. Неодамна е инсталиран досега најголемиот ваков батериски систем во американска воена база, поточно во базата Fort Carson во Колорадо, САД. Проектот е реализиран врз основа на договор за обезбедување енергетски услуги, потпишан помеѓу Војската на САД од една страна и компаниите AECOM и Lockheed Martin, од друга страна. Батерискиот систем има моќност од 4,25 MW и може да обезбеди намалување на врвната потрошувачка, како и бaлансирање на работењето на соларните електрани во склоп на базата.