Насловна / Вести / Најголемиот нуклеарен реактор во Европа доби зелено светло за пробна работа

Најголемиот нуклеарен реактор во Европа доби зелено светло за пробна работа

Финската агенција за нуклеарна безбедност дала дозвола за започнување со пробна работа на петтиот нуклеарен реактор во Финска. Реакторот Olkiluoto 3 (OL3) треба да почне со редовно производство на електрична енергија во јуни 2022 година и ќе биде најголем нуклеарен реактор во Европа.  Се очекува овој реактор да ги зголеми енергетските капацитети на Финска за 1600MW, што би покрило околу 15% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата. Со почетокот на работењето на реакторот Olkiluoto 3, уделот на електрична енергија добиена од нуклеарна енергија во Финска ќе достигне 40% во енергетскиот микс. Реакторот, сместен на западниот брег на Финска, значително ќе ја зајакне енергетската независност на земјата, која увезува струја од Шведска и Русија. Колку и дали тоа ќе влијае на сегашните цени на енергентите, засега е сеуште неизвесно.

finska1

Проектот на изградба на реакторот од самиот почеток бил пропратен со технички проблеми и правни спорови, во конзорциумот составен од страна на францускиот концерн за нуклеарна енергија AREVA NP, кој сега се вика Framatome, неговата германска подружница AREVA GmbH и германскиот Siеmens. Реакторот требало да биде завршен уште во 2009 година, со проектирани вкупни трошоци од 3,2 милијарди евра. Конечните трошоци за изградбата, 13 години подоцна се проценуваат на 8,5 милијарди евра.

finska2

Во Финска голем дел од граѓаните ја поддржуваат нуклеарната енергија. Истражувањето спроведено од страна на здружението на финската енергетска индустрија Finnish Energy, покажало дека околу 50% од граѓаните сакаат да се зголеми уделот на нуклеарната енергија во вкупното производство, околу 25% се задоволни со сегашната состојба, а 18% се залага за намалување на бројот на кулеарки.

finska3

Испрати коментар

Scroll To Top