Насловна / Вести / Најголемиот крузер на светот од бродоградилиште оди директно во старо железо

Најголемиот крузер на светот од бродоградилиште оди директно во старо железо

Она што требаше да биде најголемиот крузер на светот според бројот на патници, сега е на пат кон отпад, пред да добие можност да плови по морињата.

Со капацитет од 9.000 патници и 20 палуби, „Глобам дрим 2“ беше проектиран со отворен аква парк и огромно кино, но никогаш не го напушти бродоградилиштето.

1

Неговата изградба ја изведе германско-хонгконгшката компанија „МВ Верфтен“ и беше речиси завршена пред компанијата да прогласи банкрот на почетокот на годината.

Купувач за џиновскиот брод не е пронајден, а германскиот специјализиран магазин Ан Борд пишува дека моторите и некои други делови ќе се продаваат, додека остатокот од трупот оди во старо железо.

01

Сестринскиот брод „Глобам дрим“, исто така е на продажба, но не се планира негово демонтирање.

И двата брода моментално се наоѓаат во германското бродоградилиште, но часовникот отчукува, бидејќи компанијата „МВ Верфтен“ го продаде бродоградилиштето во Визмар на компанијата „Тисенкруп“, која планира да го пренамени бродоградилиштето и да конструира воени бродови.

2

Испрати коментар

Scroll To Top