Насловна / Вести / Најголемиот извозник на нафта Саудиска Арабија, се обврза на јаглеродна неутралност до 2060 година

Најголемиот извозник на нафта Саудиска Арабија, се обврза на јаглеродна неутралност до 2060 година

Принцот на Саудиска Арабија објави дека оваа земја се обврзува на нулта нето емисии до 2060 година. Тоа ќе биде постигнато со амбизиозен план за развој и строги краткорочни и среднорочни  таргети за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Земјата е потписник на Парискиот договор за климата.  Минатиот март, Саудиска Арабија се обврза за производство на 50% од енергетските потреби од обновливи извори на енергија до 2030 година и да посади една милијарда дрвја. Веќе неколку години наназад земјата интензивно инвестира во капацитети за соларна енергија.

SA1

SA2

Но, исто така, земјата е критикувана за пребавно делување во ублажувањето на климатските промени. Според Climate Action Tracker земјата го има најниското можно рангирање по однос на овој аспект.  Со цел да се бори против ваквата слика, Саудиска Арабија иницира неколку eco-friendly проекти од висок профил. На пример, еден таков проект е новиот футуристички град со нулта емисија The Line.

SA3

Испрати коментар

Scroll To Top