Насловна / Вести / Најголемиот град во светот кој никогаш не бил изграден

Најголемиот град во светот кој никогаш не бил изграден

Kalifornija siti

Ако се мери според површината, Калифорнија Сити е третиот најголем град во истоимента американска сојузна држава. Проблемот е во тоа што тој град технички постои, има вцртани именувани улици, раскрсници, илјадници сопственици на парцели, но до ден-денес е гола пустина бидејќи никој никогаш не дошол да го изгради.

Kalifornija siti1

Калифорнија Сити како идеја потекнува од бизнисменот Менделсон кој во 1958 год. купил 320 квадратни километри земјиште во пустината Мохаве. Тој сонувал за голем град кој еден ден ќе го надмине дури и Лос Анџелес. Неговиот сон набрзо почнуваат да го сонуваат и илјадници граѓани кои почнале да купуваат градежни парцели.

Kalifornija siti3

Но, за жал, иако на хартија планот бил добро замислен, интересот за населување во овој град бил минимален. Во почетокот во градот живееле одвај 300 луѓе. До денес тој број се искачил на 15.000, што значи дека огромен дел од градот останува огромна пустина, низ чии „улици“, бизарно но вистинито може да ве наведува GPS. Мнозинството луѓе кои живеат во Калифорнија Сити главно работат во блиската воздухопловна база.

Kalifornija siti5

За Менделсон, секако, оваа идеја не завршила како промашена инвестиција, бидејќи добил добри пари од продажба на земјиштето, но облакодери, трговски центри, театри, подземна железница не дочекал за време на својот живот. Зад него останува само фантазијата за еден велеград во пустина со главно пријатна температура (во декември просечната температура е 1°C , а во јули 36 °C). Погледнете во видеото како изгледа овој „непостоечки“ град.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top