Насловна / Вести / Најголемиот фузионен реактор на планетата наскоро почнува со работа

Најголемиот фузионен реактор на планетата наскоро почнува со работа

Доколку стеларатор ви звучи како извор на енергија од некој стрип или научно-фантастичен серијал, не сте згрешиле многу.

Mechanics work on the research reactor 'Wendelstein 7-X' at the Max-Planck-Institute for plasma physics in Greifswald, Germany, 10 November 2011. 520 staff members of the institute manufacture the nuclear fusion reactor experiment 'Wendelstein 7-X', which

Тое е всушност најголемиот нуклеарен фузионен реактор на светот и почнува со работа кон крајот на месецов. Сместен е на институтот „Макс Планк“ во Германија, официјално е наречен „Венделштајн 7-икс“ и изгледа како неверојатно комплициран  уред преполн со цевки, вентили и комори.

Стелараторите функционираат на следниот  принцип: испреплетените суперпроводници создаваат моќен магнетен кафез, кој служи да го задржи гасот што се загрева на неверојатно високи температури потребни за да се спојат атомите на водородот. Во случајот на стелараторот, уредот е исклучително сложен. Има 16 метри долг прстен преполн со различни кабли вклучувајќи и 250 пристапни потрови. Има дури 50 испреплетени магнетни калеми од кои секој тежи по шест тони. На германските инженери им биле потребни 19 години да го завршат овој уред, а одобрението за стартување се очекува да стигне од нуклеарните регулатори до крајот на месецот.

Доколку работите во целост се одвиваат според планот, и стелараторот успее со своето магнетно поле доволно да го задржи гасот за да се претвори во плазма и одржува услови за стабилна реакција на нуклеарната фузија, овој неверојатен уред би можел да зацрта нов пат во користењето на овој вид енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top