Насловна / Вести / Најголемиот електролизер во Европа започна да произведува „зелен“ водород

Најголемиот електролизер во Европа започна да произведува „зелен“ водород

Првите блокови од електролизерските ќелии во постројката HySynergy со капацитет од 20MW во Данска, започнаа со производство на „зелен“ водород. Станува збор за првите чекори до целосна оперативност на оваа постројка, која значително ќе придонесе за декарбонизација на производните процеси. Се очекува производството на „зелен“ водород со полн капацитет да се реализира во вториот квартал на 2023 година. HySynergy е рвата постројка за конверзија на електрична енергија, складиштење и реконверзија (power-to-X или PtX) во Данска.

hysynergy1

Данска има одвоено 80,7 милиони евра преку IPCEI за PtX проектот Green Fuels for Denmark, за производство на „зелен“ водород. Проектот го предводи  Ørsted, а Everfuel ќе биде дистрибутер на горивото со нула емисии за патен сообраќај.

hysynergy2

 

Испрати коментар

Scroll To Top