Насловна / Архитектура / Најголемиот дрвен град на светот ќе биде изграден во Стокхолм

Најголемиот дрвен град на светот ќе биде изграден во Стокхолм

Stockholm Wood City, проектот кој ќе опфаќа 7.000 деловни простори и 2.000 станбени единици, простирајќи се на површина од 250.000 квадратни метри, претставува амбициозен потфат на две угледни скандинавски архитектонски студија, Henning Larsen и White Arkitekter. Овој потфат ќе биде најголем глобален развоен проект изграден од масивно дрво. Имено, зградите ќе бидат изградени од масивно огноотпорно дрво, за заштитен јагленисан слој на површината. Дрвената конструкција има значително помало климатско влијание во текот на изградбата, како и во текот на целиот животен циклус. Овој исклучителен проект е предвиден за еден кварт во Стокхолм. Авторот Atrium Ljungberg го опишува овој проект како „најголем дрвен град на светот“, бидејќи во неговата реализација се користи повеќе дрво отколку во било кој друг активен проект. Во проектот се интегрирани природни елементи, како што се зелени покриви и прозорци кои овозможуваат значителна природна светлина. Целта била да се создаде урбана средина која ќе биде во контакт со природата и која ќе го отсликува минималистичкиот и функционален естетски дух на скандинавскиот дизајн.

woodcity1

woodcity2

Stockholm Wood City сам ќе произведува и складира електрична енергија, но сеуште не се откриени детали за видот на технологијата која ќе се користи. Почетокот на изградбата е планиран за 2025 година, а првите згради би требало да бидат завршени во 2027 година. Овој проект е само еден од низата големи дрвени проекти кои во моментот се во изградба ширум светот, вклучувајќи го и проектот Rocket&Tigerli – најголемиот дрвен облакодер на светот.

woodcity3

woodcity4

Испрати коментар

Scroll To Top