Техничарите од лабораторијата SLAC National Accelerator Laboratory, ги привршуваат работите околу најголемиот дигитален фотоапарат на светот, кој ќе биде транспортиран во Чиле и поставен на телескопот на Андите. Овој проект е започнат пред неколку години, и иако не е во целост заршен, сите механички делови се веќе склопени.
LSST Camera е огромен дигитален фотоапарат, кој поседува 189 сензори способни да ја „фатата“ светлината која доаѓа од ѕвездите и другите објекти и да ја претвори во електрични сигнали, кои потоа се претвораат во дигитални фотографии. Големината на секој сензор е околу 16 милиметри и содржат повеќе пиксели од iPhone. Фотоапаратот има вкупно 3,2 гигапиксели и може да прави фотографии со доволно голема резолуција за да се видат честичките од прашина на Месечината. Со пречник од 1,57 метри, најголемата леќа на фотоапаратот е воедно и најголемата која било кога е направена. LSST е астрономска опсерваторија која во моментот е во изградба во Чиле.