Во хотелски комплекс во Чиле се наоѓа најголемиот базен во светот, кој повеќе личи на океан отколку на базен.
Имено, приватниот ресорт „Сан Алфонсо де Мар“ во Чиле е дом на најголемиот базен на планетата. И тоа не е само претпоставка, но факт, со оглед на тоа што истите податоци се наоѓаат и во Гинисовата книга на рекорди.
Базенот има вкупна должина од нешто повеќе од еден километар, зафаќа површина од околу осум хектари, а содржи вкупно 66 милиони литри филтрирано море од Тихиот Океан, и максимална длабочина од 35 метри.
Исто така, постои можност за спортување, како што е скијање на вода. Сепак, најимпресивен податок е оној што се однесува на големината – базенот е голем како шест илјади стандардни базени.
Посебен шарм на целиот базен дава неговата тиркизна боја, а температурата на водата е 26 степени, така што тука е многу поудобно и побезбедно пливањето отколку во океанот.
Базенот е отворен во 2006 година, точно пет години по изградбата, а за целиот проект се потрошени меѓу 1,5 до 2 милијарди долари.