Насловна / Арт и дизајн / Најголемиот аквариум во светот како декорација во хотел

Најголемиот аквариум во светот како декорација во хотел

aquadom1

AquaDom е најголемиот аквариум со цилиндрична форма во светот, и во него е вграден и лифт со проѕирни ѕидови.

Хотелот Radisson Blu во Берлин од надвор во никој случај не се разликува од кој било друг хотел, но отвореното фоаје со огромен аквариум во центарот го прави овој хотел сосема уникатен. Резервоарот е исполнет со повеќе од еден милион литри солена вода, во кој пливаат 500 различни видови на риби во различни длабочини и во различни природни услови. Алгите, коралите и карпите во аквариумот го прават нивното живеалиште максимално природно, додека дневно ги хранат три-четири специјално обучени нуркачи. Сите оние што сакаат да ги набљудуваат рибите одблизу, а во исто време да останат суви, може да се возат во лифтот со транспарентните ѕидови и да уживаат во посебното искуство.aquadom3 aquadom2

Испрати коментар

Scroll To Top