Насловна / Архитектура / Најголемата зелена фасада во Европа

Најголемата зелена фасада во Европа

Жива ограда од 30 илјади растенија го опфаќа деловниот блок Kö-Bogen II во Дизелдорф, Германија и се протега на осум километри, што ја прави најголема зелена фасада во Европа, според компанијата што ја дизајнирала. Сместено е на Густаф-Грендгенс-Плац во областа Хофгарден.

fasada4
Проектот за оваа петкатна зграда е направен од компанијата Ingenhoven Architects како одговор на постојната урбана состојба. Кристоф Ингенховен, основач на компанијата, вели дека навалените фасади создаваат динамичен влез во Густаф-Грендгенс-Плац и обезбедуваат непречен поглед на иконите на повоениот модернизам, „Дреишеибенхаус“ и „Шаусфелхаус“, но и еден од првите и најстарите паркови во Германија Хофгартен.

fasada
Зелената фасада е инспирирана од уметничка насока во современата уметност наречена Земја-уметност. Неизвесноста помеѓу урбаното и природното опкружување овозможи „Kö-Bogen II“ да се поврзе и „комуницира“ со Хофгартен. Двете фасади на трапезоидната зграда свртена кон плоштадот и градината се целосно покриени со жива ограда која обезбедува придобивки од животната средина, како и 80 листопадни дрвја.

fasada2
Од Ingenhoven Architects утврдиле дека живата ограда е најсоодветен начин да се интегрира голема количина зеленило во овој вид на проект, затоа што ова растение расте локално и е релативно лесно за одржување. Вклучувањето на зеленилото во архитектонските проекти, со исклучок на стандардните „балконски растенија“, бара сеопфатна фитотехнолошка анализа заснована на прецизна анализа на локацијата.

fasada3
Познато е дека живата ограда е една од најиделаните, но и најчести што се користат во Дизелдорф, затоа што ова растение ги задржува своите лисја во зима. Ова растение е многу отпорно и е во состојба да издржи големи брзини на ветрот и бара само два до три пати кратење во годината, додека во зима не и треба греење. Иако растењето на потребната ограда било предизвик, од Ingenhoven Architects откриваат дека исто така било тешко да се убедат жителите дека зградата навистина ќе изгледа вака. Затоа, главниот предизвик бил да се докаже дека одгледувањето, селекцијата, грижата, наводнувањето, градинарството и гаранцијата за перформанси ќе траат 99 години како што било предвидено, што за среќа се покажа.

fasada5
Покрај деловниот блок од 41.370 квадратни метри има помала зграда со триаголен покрив покриен со тревник во кој се наоѓаат ресторани и продавници.
Проектот на овие две згради и реновирањето на „Шаусфелхаус“ се дел од поголем потфат што вклучува реконструкција и ревитализација на оваа област на Дизелдорф. Планирано е да се реализира во текот на оваа година и конечно да се стави крај на овој 27-годишен проект за редекорирање на срцето на градот и да се поттикнат другите градови да бидат позелени.

fasada1
Ingenhoven Architects со седиште во Дизелдорф има за цел да развие одржлива архитектура, па се надева дека овој проект ќе им послужи како пример за другите. Од компанијата велат дека е потребна храброст и посветеност за да се претворат градовите во оние што во иднина ќе бидат поповолни за климатските услови.

Испрати коментар

Scroll To Top