Насловна / Вести / Најголемата ветерна турбина на светот има ротор со пречник од 220 метри

Најголемата ветерна турбина на светот има ротор со пречник од 220 метри

Холандскиот град Ротердам наскоро ќе ги прошири своите капацитети за производство од обновливи извори на енергија, со најголемата ветерна турбина на светот. Ветерната турбина со моќност од 12 MW, наречена Haliade-X, е развиена од страна на компанијата GE Renewable Energy. Нејзиниот прототип ќе биде поставен во Ротердам ова лето, а потпишаниот договор опфаќа пет години пробен период и петнаесет години експлоатација и одржување.

GEhaliade1

Кога ќе биде изградена и пуштена во работа, Haliade-X ќе ја превземе титулата за најголема и најмоќна ветерна турбина од моделот на производителот MHI Vestas со  моќност од 9MW, која е поставена во Абердин, Шкотска. Haliade-X е предвидена за офшор изведба, но поради полесен пристап во текот на тестирањето, во прво време ќе биде монтирана на копно.

GEhaliade2

Компаниите вложуваат средства во се поголеми офшор турбини, бидејќи тие можат да „фатат“ повеќе ветер и да произведат повеќе енергија. Ова својство нa џиновските ветерни турбини е посебно привлечно за инвеститорите, бидејќи се поедноставува управувањето и се намалуваат трошоците за одржување по единица инсталиран MW.

GEhaliade3

Испрати коментар

Scroll To Top