
Во Велика Британија, Владата даде зелено светло за изградба на најголемиот ветроенергетски проект во светот. Проектот Dogger Bank Teeside A и B, подразбира 400 турбини поставени во два offshore ветерни паркови со вкупна инсталирана моќност од 2,4 GW, што е доволно за снадбување со електрична енергија на 1,8 милиони британски домаќинства. Ветерната фарма чии инвеститори се германскиот RWE , британскиот SSE и норвешките гиганти Statoil и Statkraft ќе се смести на површина од 600 км2, на растојание од 125 до 290 km од североисточниот брег на Британија. Проектот вреди 12,5 милијарди американски долари, а почетокот на експлоатацијата е предвиден за 2022 година. Најголемата постоечка ветерна фарма се вика London Array и има моќност од 630 MW.